АХВ: Уништени 40 тони јајца, 272 килограми небезбедна храна и изречени казни од 19.000 евра
Објавено: 16 април, 2026, во 10:10 часот
На оператори со храна, во рамки на 1.221 вонредни контроли кои што биле спроведени пред велигденските празници од страна на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), на оператори со храна во државата им изрекла парични казни во вкупен износ од над 19.000 евра во денарска противвредност.
Уништени се повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, на депонијата „Дрисла“ се нештетно уништени и повеќе од 40 тони небезбедни јајца со потекло од соседна Србија, кои биле спречени да се прошверцуваат во земјава.
„За утврдените недоследности со вонредните контроли (пласирање на пазарот храна со поминат рок на траење, употреба на замрзнато месо (триминг) во подготовки од месо, несоодветно означени производи и други неправилности), донесени се 35 решенија за нивно отстранување, а изречени се и шест опомени“, соопшти АХВ.
Контролите имале за цел спречување на пласирање небезбедни производи и сузбивање на нелегалната трговија пред велигденските празници. Утврдено било и дека седум објекти не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата.
Три оператори немале извршено задолжителни здравствени прегледи за вработените и не ги исполнувале барањата во однос на стручната подготовка за ракување со храна, а кај 13 оператори АХВ констатирала незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите.
Убавка Јаневска
