Неготинец возел камион со 2,58 промили алкохол во крв на регионален пат во неготинско, лишен бил од слобода
Објавено: 29 април, 2026, во 18:37 часот
Триесет и седум годишниот С.И од Неготино бил сопрен од сообраќајната полиција вчера, доцна попладне, во 17:55 часот, на регионален пат во Неготино, кога полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино го лишиле од слобода.
– При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле товарно возило „ман“ со неготински регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото под дејство на алкохол, односно дека има 2,58 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Полицијата во информацијата не пишува дали на пијаниот возач му е одземен и камионот што инаку е пракса кај прекршителите на овој вид на законот кои управуваат автомобили.
Убавка Јаневска




