Полицијата привела четворица велешани кои се расправале и тепале за пристап на куќа до улица

Објавено: 3 јули, 2026, во 14:40 часот

Полициските службеници на Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес, во средата, приквечер, интервенирале и потоа лишиле од слобода четворица велешани кои прво учествувале во расправија а потоа и физички се пресметале во докажување за пристап од домот до улицата.

„На 01.07.2026 година, во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода М.А.(35), Б.Г.(59),  Т.Р.(65), Г.Р.(38), сите од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Павел Шатев“ во Велес, по кратка расправија настанала физичка пресметка помеѓу нив, при што бил употребен и дрвен предмет. Предметот бил пронајден и одземен, а тие биле задржани во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ соопштија од СВР Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.