Има ли Велес доволно уредени простори за доцни попладневни дружби на граѓаните од трето доба?
Објавено: 27 август, 2026, во 14:22 часот
Парковите и зелените површини се меѓу најпосетените места во попладневните часови, но прашањето е дали Велес има доволно уредени површини за сите категории на жители.
Младинскиот парк е резервиран за најмладите, тука се случуваат и најголем дел од настаните од Велешко културно лето, Градскиот парк е место за спортистите и рекреативците.
Велешките пензионери шегобијно велат дека Кеј на реката Вердар бил просторот што би преостанал како нивно место за доцни попладневни дружби.
-Освен во Пензионерскиот дом каде претпладне играме карти, домино или шах нема место каде на отворено би се дружеле. Во текот на денот, на вака високи температури, и не смееме долго да се задржуваме но во вечерните часови кога би имале би било навистина место за да си поразговараме со другарите и пријателите, рече велешанец.
-Младински парк е преполн со деца и помлади сограѓани. Исто така и паркот пред Гимназијата. Таму и нема доволно клупи да можеме да седиме и разговараме во мир. Ако постават клупи на кејот на Вардар ќе треба таму да одиме, додаде велешанец.
-Малку повеќе да е осветлен Градски парк и со подобар пристап од страната на спортската сала би отишле таму. Децата ми кажаа дека било многу мирно и тивко место. Но со ослабен вид сме и не ни е безбедно движењето, затоа седиме во Младински парк ако најдеме клупа во вечерните часови. Но овде е многу бучно, рече велешанец.
Овие пензионери се исто така дел од граѓаните на Велес кои на пеколната жештина имаат потреба да излезат надвор од домовите во вечерните часови.
Дијана Иванова.



