Сојузот на средношколци бара настава да се одложи за први октомври

Објавено: 24 август, 2020, во 14:07 часот

prazniucilnici fin

24.08.2020
Сојузот на средношколци бара настава да се одложи за први октомври. Период од еден месец според Сојзуот е доволно време да се организира почетокот на учебната година по комбиниран модел.

Од Сојузот на средношколци, велат дека прифаќаат само комбиниран модел, кој од една страна ќе го заштити здравјето на учениците , а од друга страна нема да се заостане со наставната програма, која доколку би се одвивала цело време преку интернет, значително негативно би се одразило врз образовниот процес на учениците.

Од Сојузот, велат дека имале една средба со надлежните институции. Се надеваат дека ќе се прифати нивното барање, наставата да се одвива по комбиниран модел.

Сојузот на средношколци за понеделник 31 август има закажано протест во Скопје, на кој подетално ќе ги изнесат нивните барања и понатамошните чекори.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.