Лишен од слобода велешанец кај кого била пронајдена бела прашкаста материја, ја голтнал при службен претрес
Објавено: 12 октомври, 2026, во 12:54 часот
„На 11.10.2026 година, во 22:35 часот, во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес го лишија од слобода Т.А.(36) од Велес. На улица „Благој Ѓорев“ во Велес било сопрено такси возило со кое се превезувал Т.А.. При обид да му се изврши преглед, се обидел да побегне, но набргу бил фатен, при што проголтал бела прашкаста материја и бил пренесен во Општа болница Велес за укажување лекарска помош, а потоа бил приведен во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.


