Црн корона вторник за Велес и велешани
Објавено на 27 октомври, 2020 во 18:02
27.10.2020
Рекордни 34 заразени велешани од почетокот на епидемијата на коронавирус во државата. Толку новозаразени граѓани се регистрирани во изминатите 24 часа како заболени од Ковид-19. Ова е највисока бројка со која градот се појавил, за едно деноноќие, во евиденцијата на Министерството за здравство.
Од регионот во Кавадарци се евидентирани нови седум лица, во Свети Николе шест и две во Неготино.
Во починатите вкупно 15 лица во државата регистрирани се и тројцата велешани на возраст од 41 години, 86 години и 57 години.
Според Институтот за јавно здравје денеска има оздравени девет пациенти кои се велешани исто колку и кавадарчани, тројца од Свети Николе и двајца од Неготино./У.Ј