Неготинец се повредил додека работел во кавадаречка фирма
Објавено: 29 јануари, 2021, во 12:26 часот
29.01.2021
Вчера во 16.30 часот во Полициската станица – Кавадарци било пријавено дека З.Д.(36) oд Неготино се здобил со повреди при извршување на работни задачи во фирма во Кавадарци.
– Лицето веднаш било пренесено во кавадаречката болница за укажување на потребната медицинска нега – информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, додавајќи дека бил извршен увид на местото на настанот.
Мите Јаначков

