Од 22 февруари, задолжителен седумдневен карантин за сите што ќе пристигнат во Грција

Објавено на 8 февруари, 2021 во 11:25

granica fin

08.02.2021

Освен потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето, за сите оние кои до 22 февруари ќе пристигнат во Грција на било кој начин и од било која земја, задолжителен е седумдневен домашен карантин, согласно министерската одлука од надлежните министерства и одлуките на Агенцијата за цивилно воздухопловство, јави МИА од Атина.

Доколку посетителите престојуваат во Грција помалку од седум дена, тогаш домашната изолација ќе трае за целиот период додека се во земјата, сè до нивното заминување.

Одлуката ги вклучува и земјите од Европската Унија, а паралелно, ќе се спроведуваат и брзи тестови за дел од патниците согласно предвидениот процес според податоците внесени во специјалниот формулар за патување во Грција.

За сите патници од Велика Британија предвидени се посебни правила, односно задолжителен рапид тест по пристигнувањето, а по истекот на седумдневниот карантин, потребно ќе биде да направат ПЦР тест.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.