ОЈО Кавадарци поднесе обвинение за затајување и лажно пријавување кривично дело
25.03.2021
Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог до Основниот суд во Неготино против 22 годишен жител на Неготино за сторени кривични дела: „ Затајување“ од член 239 став 3 во врска со став 1 и „Лажно пријавување на кривично дело“ од член 366 став 4 од Кривичниот законик.
Обвинетиот на 7 декември 2020 година противправно за себе присвоил подвижни предмети – пари во износ од 75.800 денари кои му биле доверени нему , како лице вработено во оштетеното правно лице.
Тој бил вработен како касиер за исплата на добивки во гимнастичарски клуб „Соколи тим“ од Неготино.
Наредниот ден, на 8 декември 2020 година во 9:30 часот, обвинетиот во полициска станица во Неготино лажно пријавил, иако знаел дека кривичното дело не е сторено, дека врз него две непознати лица извршиле разбојништво, кога му одзеле парични средства во висина од 75,800 денари што биле во сопственост на правното лице и му нанеле телеси повреди.
Убавка Јаневска