УХМР: Денеска сончево време од утре поменливо облачно со повремени врнежи од дожд
Објавено на 5 април, 2021 во 08:05
05.04.2021
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а од пладне ветерот ќе го промени правецот во југоисточен.
Нов влажен бран се очекува утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда, кога ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините особено во северните делови со врнежи од снег.
Во среда и во четврток ќе дува засилен северен ветер, а од четврток и во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето со утрински температури кои на повеќе места ќе бидат негативни. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Стефани Манева