Почината жена и двајца пациенти од ковид-19 транспортирани на скопски клиники

Објавено на 10 април, 2021 во 11:19

bolnicaodavion fin

10.04.2021

Починатата жена е на 81 г.возраст од Велес, лекувана на одделот за Физикална терапија кој во моментов е Ковид центар. Вчера попладне од болницата транспортани се маж на 58 годишна возраст во Приватна Болница Жан Митрев и жена на 53 годишна возраст во Приватна Болница Систина -Скопје.

Денеска во Општа болница Велес вкупно хоспитализирани се 102 пациенти или еден повеќе од вчера.

Од вкупниот број на ковид болни 95 се потврдено позитивни, 3 сомнителни и 4 пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување. Тие се лекуваат на Инфективно 47, во Модуларна болница 39 и по осум пациенти на Интерно и
на Одделението за Физикална медицина и рехабилитација.

На кислородна поддршка се 44 пациенти или тројца помалку од вчера.

Денеска од болничко лекување испишани се 7 пациенти како оздравени, со по еден негативен тест.

Според резултатите од тестирањето во минатата недела и бројките на ново регистрирани заболени граѓани Велес се искачи на третото место во државата. 

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.