ОЈО Велес: Поведена постапка за полов напад врз дете во Градско
Основното јавно обвинителство Велес, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице на возраст од 40 години од Прилеп, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 од Кривичниот законик.
Осомничениот на 20 октoмври 2020 година, околу 20.00 часот, во дворот од семејната куќа на родителите на оштетеното дете во Градско, врз оштетеното дете кое имало 13 години извршил други полови дејствија.
Тој немал постојано живеалиште и престојувалиште односно престојувал кај свои роднини или пријатели во зависност од местото каде ќе биде повикан да работи, поради што и не се јавувал на поканите за негово испитување, а немал ниту постојано вработување.
Овие околности укажуваат на опасноста од бегство поради што Основното јавно обвинителство Велес до Судија на претходна постапка на Основен суд Велес, доставил предлог за определување мерка притвор.
Предлогот бил прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.
Стефани Манева