Преговарале или влечеле – Избори тогаш кога ќе се реализира договорот од Пржино

Објавено на 30 октомври, 2015 во 08:23

Договорот од Пржино како да се размрдува. Апаратите на пациентот се нужни и се е како будење од кома. Особено по информациите за условената  препорака од Брисел која Македонија ќе ја добие за некој ден. Веројатно сепак ќе попушти Груевски ама се тоа медиумски ќе го пегла, ќе дига „патриоти“ и на крајот навистина ќе има соочување со народот.Сепак вратата е подотворена, или не е целосно затворена.Изборите се нужност, исто како и договорот кој до последно  ќе биде стани- падни, пишува Локално.

Синоќа по подолга пауза продолжиле билатералните средби на белгискиот експерт Питер Ванхојт со претставниците на четирите политички партии за спроведување на договорот . Ванхојт предложил нов предлог-закон за надлежностите на министрите и на заменик-министрите во новата преодна влада, веројатно нешто поприфатливо за двете страни. Засега нема информации на исходот од вчерашните билатерални средби и дали денеска е можна лидерска средба.

Новиот предлог на Ванхојт попрецизно ги дефинира надлежностите на новиот министер за внатрешни работи, кој требаше да биде избран по предлог на СДСМ до 20 октомври.

Претходно во текот на денот имаше прес конференции на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и Оливер Спасовски од СДСМ каде имаше меѓусебни обвинувања за текот на преговорите, и за тоа кој бега, кој одлага, иако и двете страни веќе знаат дека изборите со пробивањето на роковите веројатно ќе се поместат, за онолку колку што ќе се влечат преговорите и не почне да функционира во целост договорот од Пржино. Според темпото на влечење, не е исклучен и септември., велат упатените во медијацијата.Би сакале во рокот ама да не влече власта .

Пред два дена пет амбасадори прочитаа изјава пред зградата на владата каде како главен виновник за кочењето на преговорите го посочија премиерот Никола Груевски и неговата партија.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.