Преговорите се на мртва точка

Објавено на 26 октомври, 2015 во 15:01

Ништо не се случува во Клубот на пратениците. И покрај силните очекувања, денеска нема средба на работните групи со медијаторот Питер Ванхауте. Консултациите  на поединечно ниво продолжуваат, јави Телма.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека преговорите се активни, процесот е во тек а нивните претставници редовно комуницираат со странските медијатори. Од СДСМ велат дека нивните преговарачи не остваруваат ниту билатерални средби со посредниците бидејќи веќе се усогласени, па поместувања очекуваат од „оние другите“.  Последна заедничка средба на лидерско ниво имаше во петокот на полноќ. Постигнат е минимален напредок.

Неофицијално, до сега се усогласени Изборниот законик и Собраниската анкетна комисија за прислушуваните разговори, но СДСМ нема да им даде проодност се додека не се избере целиот тим на специјалната обвинителка.

Далеку е решението за Законот за Влада, односно за ингеренциите на министрите за внатрешни работи и за труд и социјала, што треба да се изберат по предлог на опозицијата. Нема решение за законот за бомби, со кој паралелно ќе оди и закон за свиркачи, а речиси да не се почнати преговори за реформа на медиумите и на судството.

Сите рокови предвидени со Договорот од Пржино се пробиени, по враќањето на опозицијата во Парламентот на 1 септември и изборот на Катица Јанева на 15 септември.

Текстот во целост прочитај го тука.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.