Инспиративни модни комбинации за на велосипед
Објавено: 15 август, 2015, во 06:30 часот
Велосипедот е повеќе од превозно средство, тоа е направа за искажување на еколошки став, за здрав живот, фит- форма, но и за пренесување на стилска порака.
Со актуелизирање на социјалните мрежи и со засилување на влијанието на уличната мода, покрај модните парчиња големо внимание се посветува и на животниот стил и личниот став што го искажуваат познатите и непознати лица „уловени“ од фотографите и блогерите. Голем дел од нив инспирираат да ги замените моторните возила со велосипеди.
Тие докажуваат дека возењето на велосипед не подразбира само спортски, лежерен и несредeн изглед. На велосипед можете да изгледате модерно, урбано, елегантно, па дури и свечено.
