Инспиративни модни комбинации за на велосипед

Објавено: 15 август, 2015, во 06:30 часот

Велосипедот е повеќе од превозно средство, тоа  е направа  за искажување на еколошки став, за здрав живот, фит- форма, но и за пренесување на стилска порака.

Со актуелизирање на социјалните мрежи и со засилување на влијанието на уличната мода, покрај модните парчиња  големо внимание се посветува и на животниот стил и личниот став што го искажуваат познатите и непознати лица „уловени“ од фотографите и блогерите.  Голем дел од нив инспирираат да ги замените моторните возила со велосипеди.

 

Тие докажуваат дека  возењето на велосипед не подразбира само спортски, лежерен и несредeн изглед. На велосипед можете да изгледате модерно, урбано, елегантно, па дури и свечено.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.