Партиите почнаа со работа за обврските од Договорот на Хан
Претставниците на четирите политички партии конечно седнаа на заедничка маса во обид да почнат да го спроведуваат договорот од Пржино. На првата средба на работната група тие ги слушнаа препораките на ОБСЕ/ОДИХР за измена на изборните закони и за начинот на чистење и создавање нов избирачки список.
Неофицијално, преовладувал предлогот за активна регистрација на избрачите, односно претходно запишување на играѓаните на одреден период пред изборите, како и биометриски да се евидентираат знаците од прстите. По средбата, партиите не дадоа детали за тоа што било разговарано.
Освен политичките партии, на средбата учествуваа и претставници на ДИК, Министерството за правда, како и на невладини организации што ги следат изборите како Дарко Алексов од „Мост“ и Џабир Дерала од „Цивил“.
Работната група составена од четирите партии ја продолжува работата на главната средба во Понеделник, кога со посредство на белгискиот експерт Питер Ван Ховит ќе ги соочат нивните идеи за чистење на избирачкиот список и измена на изборните закони.
Жешка тема, освен избирачкиот список, ќе биде и гласањето на дијаспората. ДУИ бара тоа да биде укинато поради кршење на принципот на рамноправност на гласот. СДСМ бара пратениците од дијаспората да добијат мандат само доколку соберат 80% од потребните гласови за избор на еден пратеник во Македонија за на тој начин да се балансира вредноста на гласот внатре и надвор од земјата. Во ваков контекст три пратеника секогаш влегуваат гратис на контото на власта и суштински влијае на освојување на власта.