И СОНК од вторник во штрајк заедно со тројцата универзитетски професори од Штип

Објавено: 19 јули, 2014, во 14:42 часот

Рокот до понеделник е последна опомена од СОНК за надлежните. Од вторник нивните регионални претседатели и секретари ќе  се приклучат на тројцата професори  од Штип доколку во меѓувреме  не биде исполнето нивното барање за унапредување во повисоко звање, јави Телма. Синдикатот  ќе побара  и измени на законот за високо образование . Случајот со тројцата професори од Штип покажа дека универзитетскиот кадар  се соочува со проблеми во текот на процесот на унапредување, и ние не смееме да дозволиме повторување на вакви ситуации во иднина, рече претседателот на синдикатот Јаким Неделковски.

„Ние ја разбираме автономијата на универзитетот, но таа не смее да се завеса зад која раководствата на универзитетите задскриваат одредени постапки.“

Јавна подршка на колегите им даде и професорот Јове КЕкеновски. Според него, состојбите во високото образование се загрижувачки бидејќи оваа сфера е се повеќе под притисок на одредени бизнис и политички интереси. Правата на професорсиот кадар постојат само на хартија бидејќи нивниот статус и унапредување зависи од самоволието на раководството на факултетите и на универзитетот, рече Кекеновски

„Ние сме неми сведоци на управувањето на овој менаџмент кој исто така немо и слепо се следи од министерот за образование што не е ни чудно бидејќи на челната позиција на овааа институција  дојдоа многу луѓе што немаат елементарно познавање на областа.“

Професорите од штипкиот универзитет кои продолжуваат со штрајкот со глад се до конечното исполнување на нивното барање за заслужено унапредување во повиско звање денеска уште еднаш предупредија на сите негативни последици од овој случај.

„Ако ова помине секој наш колега во иднина ќе мора да биде близок на деканот бидејќи во спротивно ќе биде егзекутиран. Ако ова помине нема веќе да постои професорската фела,“ вели 
професор Крсте Шајноски.

ЗА  случајот минисерот Адеми разговарал со сите засегнати страни. Ќе ја почитуваме вели автономијата на универзитетот, но предупредува дека универзитетот мора да постапи согласно решението на државниот просветен инспекторат. Ако не постапи, секако дека ќе се превземат мери кои ни се на располагање

Ректорот на штипкиот универзитет Саша Митрев ,неколку пати досега повтори дека ќе постапи спогласно решението на ДПИ , но како проблем го почоси фактот дека се уште не го добил.  Според него, неговото релизирање е оневозможено и поради колективниот годишен одмор на оваа високо образовна институција. Митрев  заедно со деканот на економскиот факултет Ристо Фотов и претставник на инспекторатот   денеска беа поканети на седнивата на СОНК  но ниту еден од нив не дојде

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.