ДПА ке делува како опозиција во македонското Собрание
Демократската партија на Албанците сепак нема да стане дел од владината коалиција и ќе продолжи да дејствува опозициски и покрај многуте најави во предизборниот период на нејзиниот лидер Мендух Тачи дека ќе бидат дел од идната Влада. Ваквата одлука ја донело централното претседателство на ДПА, јави 24 Вести.
„ДПА не е подготвена да биде дел од политичката одговорност на оваа Влада заради дилемите што ги има околу сериозниот пристап на оваа Влада кон двата најважни приоритети за Македонија – деблокада на евроинтеграцискиот процес и унапредување на правата на Албанците кон целосна рамноправост со Македонците. Ние ќе бидеме конструктивна опозиција и во ниту еден момент нема да бидеме пречка ако Владата сериозно им се посвети на ветувањата за деблокада на евроинтеграцискиот процес, почеток на преговорите со ЕУ, зачленување во НАТО и унапредување на правата на Албанците“, пишува во партиското соопштение.