Завршија зимските олимписки игри 2014 во Сочи
Објавено: 24 февруари, 2014, во 10:24 часот
Олимпискиот оган на Зимските олимписки игри во Сочи е изгаснат, одбележувајќи го крајот на 17 дневните натпревари.
Со голем огномет и завршна церемонија на која учествуваше балетот на Бољшој театарот, со музиката на Рахмањинов и оддавање почит кон Толстој и Кандински, како и парада на спортистите, завршија олимписките игри.
Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет , Томас Бах, изјави дека спортисти и гледачите “уживале во исклучителни услови” и искажа комплименти за Русија за “беспрекорна организација“.

Русија заврши на врвот со 33 медали – 13 од нив се злато, а следат Норвешка и Канада.
Зимските олимписки игри во 2018 ќе се одржат во Пјонгјанг, Јужна Кореја.


