Лекарите бараат поголема законска и физичка безбедност
Објавено: 3 јануари, 2014, во 14:07 часот
Полицијата да ги открие и изведе пред лицето на правдата хулиганите кои во новогодишната ноќ ја нападнаа екипата на итна помош во скопска Кисела вода. Казната за нив да биде ригорозна, бара Здружението на приватни лекари на Македонија. Хулиганството мора во корен да се сосече бидејќи државата повеќе не смее да толерира насилството врз луѓето во бели мантили кои спасуваат човечки животи, рече претседателката на Здружението д-р Лилија Чолакова Дервишова.
– Да се спаси човечки живот е најдрагоцената работа за една држава. Апелираме кон луѓето кои ќе го санкционираат дивеењето на хулиганите тоа да го сторат со настроги казни, рече д-р Чолакова Дервишова.
аа го пренесе згрозувањето на колегите , како од приватен така и од јавен сектор, и потсети дека ова не е прв случај на напад над луѓето во бели мантили во државата потенцирајќи ги случаите на нападнатите гинеколози и трите лекарски екипи во Гостивар. Овие инциденти се случија лани. Последниот што се случи деновиве е особено значаен поради фактот што екипата на итната медицинска помош требала да интервенира над пациент во кома, до кој не стигнала поради ќотекот што го добила од насилници кои се забавувале, рече д-р Чолакова Дервишова.
– Замислете лекарите на плус 40 степени или минус 10 степени ќе одат во руралните средини и дома ќе им укажуваат помош на пациентите. И додека одат кон некого чиј живот треба да го спасат да бидат не безбедни или да ги натепаат. Ова мора во корен да се сосече затоа што хулиганството не смее да се дозволи да заживее во Македонија, рече д-р Чолакова Дервишова.
Затоа Здружението на приватни лекари на Македонија бара законска заштита за сите лекари и физичка, од професионално обезбедување за лекарите од одделни бранши како што е итната медицинска помош./Б.Н

Напиши коментар
Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.