11 сообраќајки викендов во Вардарскиот регион но, нема жртви!
Среќа во несреќа е што нема загинати туку патниците поминале со полесни повреди. Ниту една сообраќајка не се случила во населено место. Сите се на автопат, магистрален или регионален пат.
Најголем број од несреќите, вкупно четири, биле на магистралниот пат Градско – Прилеп, две на регионалниот пат Велес – Градско и по една магистралниот пат Велес – Градско, Градско – Велес и Демир Капија – Удово како и на локалниот пат Велес – езеро Младост и Кавадарци – Мушов гроб. Во нив настрадале само возилата на кои има причинета од помала до поголема материјална штета.
Сообраќајките ги предизвикува смрзнатиот и лизгав коловоз а возачите не ја прилагодиле брзината на движење според условите на патот, соопштија од СВР Велес.
Одтаму апелираат до граѓаните за зголемена внимателност и претпазливост при управување на моторните возила и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација.
Брзината на движење на возилата по патиштата мора да се прилагоди спрема условите на патот и да се држи страна на движење.
Полицијата потсетува и на законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во периодот од 15.11 до 15.03 следната година./Б.Н