Кај Рајко, се судрија патнички и товарен воз
Објавено на 15 декември, 2013 во 17:45
Нема жртви и повредени во несреќата која доцна попладнево, околу 17.55 часот, се случила на железничката пруга Велес – Скопје.
Тогаш се судриле двата воза е еден од нив исклизнал од шините. Железничкиот сообраќај е во прекин. Од велешката полиција ја потврдија информацијата. На местото на железничката несреќа се очекува да пристигнат јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес.
Станицата Рајко, е прва на железничката линија после Велес во правец кон Скопје./Б.Н