СДСМ: Граѓаните молчеа и на јавните расправи за програмите на општината

Објавено: 29 октомври, 2013, во 16:55 часот

Про форма а не во атмосвера на вистинска дискусија и граѓанска расправа поминаа јавните расправи по програмите за работа на општината за наредната година, гласи оценката на СДСМ. Неа денеска ја соопшти советникот Панче Иванов. Тој додаде дека минатата недела, на организираните јавни расправи имало малку граѓани кои не се охрабриле многу да зборуваат па затоа наместо дијалог меѓу граѓаните и локалната власт собирите наликувале на невкусен монолог на власта.

Зошто градоначалникот Славчо Чадиев не одговори на ниту една од забелешките и прашањата на претседателот на месната заедница од село Горно Оризари,кој беше еден од ретките што дискутираше, праша Иванов.

– Дали граѓаните на Велес, со народни зборови кажано “кренаа раце” од очекувањата и надежите, или пак претседателите на месните и урбани заедници и здруженијата на граѓани, со исклучок на неколкумина, се ептен задоволни од она што го планира локалната власт, па немаа за  што друго да се залагаат, да кажат, да предложат, или да дополнат ? Или пак се е под партискиот превез, па како што се именуваат или поставуваат за директори партиски подобни личности така и претседатели на месните и урбаните заедничи, скоро секаде се членови или симопатизери на владеачката партија. Ова се коментарите на велешани, кои јавно говорат под јаворот во центарот на градот и на другите собиралишта, рече Иванов..

Од СДСМ се зачудени на граѓанската рамнодушност, здруженијата и другите институции. Тие се сомневаат дека можеби на граѓаните им здодеало петта година по ред да кажуваат за исти проблеми па затоа му порачаа на градоначалникот Славчо Чадиев да се позанимава и со проблемот наречен граѓански молк.

– Апел до Господинот Чадиев, наместо да се фали дека Велес е едина општина што организира јавни расправи, малку повеќе да се позанимава како Градоначалник со проблематиката на молчење на граѓаните и што тие, како граѓани сакаат да кажат и каква порака испраќаат со нивното молчење ? И кога молчат за важни работи, граѓаните зборуваат и тоа многу гласно, само некој треба да ги разбере и да види што тоа можеби нечини во петгодишното владеење на оваа власт, рече советникот Иванов.

Годинава за прв пат општината ги организираше јавните расправи. Претходно тоа го правеше Фондацијата „Фокус“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.