Средношколците и основците умеат да откријат родово базирано насилство

Објавено: 8 октомври, 2013, во 13:21 часот

Прво ги едуцираа, потоа вежбаа преку пишување на мисли и лични творби, па ликовно се изразуваа на темата и сега се подготвени да откријат облици на родово базирано насилство. Средношколците можат да откријат интимно партнерско насилство, навредување и понижување, сексуално вознемирување на јавни простори, следење и демнење, велат од Националната мрежа против насилство и семејно насилство. Сега очекуваат голема свесност кај средношколците чија едукација траеше во изминатите неколку месеци.

– Имајќи го во предвид начинот на кој тие функционираат или тинејџерските врски се препознава насилството. Тоа не е изразено физички туку повеќе психолошки поточно навредување пред друштвото, употреба на погрдни зборови и следење и вознемирување по завршување на врската. Овие видови на насилсто во Македонија не се законски регулирани. Ако се пријават во полиција од таму немаат основа како да изреагираат и да ја заштитат жртвата која пријавила, рече Елена Димушевска, извршен директор на Националната мрежа.

За подигнувањето на свесноста кај младите во Велес беа организирани бројни врснички едукации, вели локалниот кординатор Александра Алексовска.

– Подготвени се да ги откријат проблемите во колку се појават. Од она што досега го работевме видовме дека тие немаат проблем со откривањето на родово насилство туку проблемот беше во пријавувањето и превенирањето. И тоа се поради страмот кој го чувствуваат. Младите се важна сензитивна група која може да делува и врз родителите за да им ги отвори очите во колку и во семејството можеби се случува некаков вид на насилство.

Инкриминизирање на сите облици на насилство е вториот чекор што ќе го превземе Националната мрежа за борба против насилство и семејно насилство.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.