Граѓаните сториле голем број на сообраќајни прекршоци а крадците „оперирале“ и минатата недела
Објавено: 24 септември, 2013, во 16:08 часот
Крадците не мирувале ниту изминатата недела. Извршиле две тешки кражби, една била обична а се случила и една измама. Пленот со кој заминале арамиите се состоел од метални предмети и пари.
Полициската станица во Велес регистрирала вкупно шест кривични дела кои според законот се гонат по службена должност. Изминатава недела имало и две тепачки. Тие се регистрирани како нарушувања на јавниот ред и мир со физички напад.
Во двете пополноќни контролите на угостителските објекти во Велес, во строгиот центар, нема прекршители на законот.
Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата регистрира осум сообраќајни несреќи од кои три во и пет надвор од населено место. Од нив четири се случиле за време на викендот.
Голем број на прекршоци полицијата констатира во акциските контроли на улиците во градот како што се непрописно паркирање, не пропуштање на пешак, поминување на црвено светло на семафор, не носење на кацига при управување на моторцикл, не давање првенство при минување и друго./Б.Н


