Заев: Македонија е созреана за нов начин на водење политика
Економијата и живот за сите, силни професионални институции и правда за сите и членство во Европската унија и НАТО и перспективи за сите се трите темели на кои ќе се заснована програмата на новата Влада, што денеска во Парламентот ја образложи мандатарот Зоран Заев.
-Програмата на новата реформска влада на унитарна Македонија и ги содржи принципите од предизборната програма на СДСМ, предизборните кампањи на партиите кои се дел од новото парламентарно мнозинсто -ДУИ и Алијанса за Албанците, но и на другите партии кои немаат пратеници. РМ ќе биде држава на сите граѓани, да градиме едно обединето општество кое ќе обезбеди стабилност за граѓаните и државата, а ЕУ и НАТО остануваат стратешки цели на државата, како и спроведувањето на Итите реформски приоритети што се дел од Договорот во Пржино, рече Заев во експозето.
Меѓу приоритетите, тој исто така, ги наведе праведното плажање на јавните давачки, укинување на радиодифузната такса, обезбедување болничко лекување за сите со укинување на болничката партиципација, намалување на судските давачки и минимална плата од 16.000 до крај на мандатот и 30.000 ден просечна плата во РМ, воведување двосменско работење на некои државни институции и усогласување на пензиите со трошоците за живот.
Заев најави дека новата Влада ќе создаде администрација во која нема да има реваншизам и партиско влијание, намалување на стапката на сиромаштија под 16 проценти до 2020 година, нов закон за спорт и стабилно финансирање на спортската дејност, развој на туризмот…
Најсериозна реформа ќе биде реформата во судството. Реизбор во судството според познати европски пракси. Специјално одделение во Основниот суд Скопје 1 во чија надлежност ќе бидат предметите од Специјалното јавно обвинителство.
Најави механизми за контрола за следење на комуникациите и независност на МРТ, како и 600 милиони евра во инфраструктура.
Ова како што рече мандатарот Заев се само некои од предвидените мерки на новата реформска влада за стабилизирање на животот на граѓаните.
Обраќајќи им се на новите министри рече:
– Не очекувајте да бидам министер наместо вас. Министерот не е назначен да го прашува премиерот туку да дава решенија.
Заев вети нула толеранција за корупцијата и за криминалот, за врските и протекциите.
-Ова нема да биде завршено во привите сто дена. Не чекаат сериозни предизвици, големи, сериозна работа, реформи, за што секако главната одговорност ја презема новата влада, рече Заев кој ги повика сите да се вклучат во ова, бидејќи како што рече ова е време на граѓаните, а не за калкуланство.
– Македонија е созреана за нов начин на водење политика- политичарите да им служат на граѓаните. За да има слобода партиите мора да ги трнат рацете од државата. Македонија мора да биде и ќе биде држава на сите граѓани. Им подавам рака на сите. Повикувам на трпение смиреност и одлучност, рече на крајот Заев од своето експозе.
Во моментов во Собранието трае паузата од еден час, за да се подготват стенограмите.