Елица Николова в.д директор на Народен музеј

Објавено: 11 септември, 2013, во 19:15 часот

Дипломираниот историчар на уметност, археолог, е именуван да ја извршува функцијата в.д директор на институцијата од страна на градоначалникот на Велес. Николова има 25 годишен работен стаж во музејот.

Нејзиното именување се случи откако неколку часа претходно градоначалникот Славчо Чадиев го разреши директорт Петре Костов поради поднесена кривична пријава за кражба и за злоупотреба на службена положба. Тој од полицијата беше осомничен за кражбата на двете сребрени монети Тетрадрахма со ликот на Александар Македонски, што се случи пред два месеци.

Откако обвинителството ја прифати кривичната пријава и започна истражната постапка судијата на Петре Костов му одреди мерка 30 дневен притвор. Попладнево е пренесен во истражниот затвор во Скопје.

Функцијата вршител на должност директор Елица Николова ќе ја извршува се до изборот на нов директор на институцијата./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.