Се крпат ударните дупки во Кавадарци
Општината Кавадарци интензивно се подготвува за претстојниот празник на градот 7 ми септември. Во моментов се работи на крпење на ударните дупки по градските улици и на локалните патни правци.
„Во рамките на програмата за комунална изградба позиција за одржување на улици и патишта се инвестираат 3.000.000 денари од комуналната сметка на општинскиот Буџет. Парите се наменети за крпење на 2700м2 оштетени парки на улиците во централното градско подрачје„ информираа од локалната самоуправа, додавајќи дека потоа механизацијата на „Изолација“ од Скопје ќе работи на санирање на оштетувањата на патот кон селата Дреново и Бегниште.
Во рамките на програмата за комунална изградба општина Кавадарци интензивно работи и на одбележување на хоризонталната сообраќајна сигнализацина на улиците во градот и на локалните патни правци со асфалтна подлога. Општината за оваа намена ќе потроши 800.000 денари од Буџетот од позициите за комунална изградба.
„Оперативата на фирмата „Виа сигнал“ од Скопје која го доби тендерот за оваа намена веќе ги заврши работите на одбележување на пешачките премини и на рабниците на двата кружни тока при пто рабниците беа офарбани со жолта и црна боја согласно прописите а зебрите со бела боја. Иасто така со средна бела линија е одбележан и локалниот патен правец Кавадрци –Ресава во должина од 6,3 километри. Досега се завршени 1400м2 од вкупно предвидените 4 700м2 површина на која треба да се покрие со боја“ рекоа од локалната самоуправа.