Публиката истепа двајца гостински фудбалери на натпреварот Тиквеш – Вардар!
Петмина млади кавадарчани од кои четворица се малолетници заработија кривична пријава од ПС Кавадарци. Полицијата ги поднесе пријавите против И.Ј.(20), Ј.К.(14), Х.П.(16), Ќ.К.(15) и А.З.(17), сите од Кавадарци бидејќи сториле кривично дело „насилство“.
Инцидент се случил на 20 ти овој месец околу 18.30 часот на Градскиот стадион во Кавадарци, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Тиквеш“-Кавадарци и ФК „Вардар“-Неготино.
Во еден момент толпа од 20 до 30 луѓе влегла на теренот и физички нападнале двајца играчи од гостинската екипа. Меѓу групата биле и пријавените кавадарчани кои ги удирале фудбалерите со тупаници по целото тело, од што спортистите завршиле со телесни повреди.
Сега судот ќе треба да постапи по пријавата за пријавените кои заедно со уште 20-30 лица влегле на теренот и физички нападнале двајца играчи од гостинската екипа, удирајќи ги со тупаници по телата, по што им нанеле телесни повреди./Б.Н.