За една седмица едно лице загина и шест се здобија со тешки телесни повреди, во велешко

Објавено: 29 август, 2013, во 09:59 часот

Пари, мобилен телефон, златен накит и други предмети се одземени во една тешка и една полесна кражба што се случиле изминатата недела во Велес. Јавниот ред го нарушиле насилници кои учествувале во две тепачки. Во една од нив имало опасно орудие со кое бил загрозен живот.

Полицијата регистрира и сопственик кои шетал куче без заштитна маска. Овие кривични дела се санкционирани со поднесени кривични пријави.

Изминатата недела се случиле вкупно 10 сообраќајни несреќи од кои три во населено место и седум на патни правци. Една сообраќајка била фатална по животот а  во останатите, шест лица се здобиле со телесни повреди.

Во две акциски контроли за безбедност на учесниците во сообраќајот констатирани се повеќе прекршоци, соопшти СВР Велес./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.