Возило удрило кавадарчанка и побегнало
Објавено на 24 август, 2013 во 09:21
Тешки повреди на ногата заработи 63 годишната В.С од Кавадарци откако во неа утринава удрило непознато возило и побегнало од местото. Несреќата се случила на улица Охридска бр.18 во Кавадарци додека В.С си работела на улицата пред нејзиниот двор.
Непознатото возило откако ја удрило кавадарчанката веднаш побегнало. На поврдената жена на помош и дошле соседите очевидци и пружиле помош и ја пренеле во кавадаречката болница каде лекарите констатирале тешка повреда на ногата.
Од кавадаречката полиција го потврдија настанот и интензивно трагаат по возачот кој откако ја повреди жената и побегнал./А.Д