Попладнево на периферијата на Кавадарци три подметнати пожари

Објавено: 23 август, 2013, во 14:12 часот

На три места, во исто време, денеска околу 15 часот, се појавија пожари на периферијата на Кавадарци. Ги подметнаа несовесни граѓани. Среќа во несреќа е што огнот зафати мали површини на кои гореше сува трева. Првиот пожар избувна позади зградата на хотелот Фени, вториот кај зградата на Управата за јавни приходи и третиот од спротивната страна на патот каде што почнуваат лозовите насади на кавадарчани. Двете згради, хотелската и на јавната институција, се наоѓаат една до друга.

Еден час траеше интервенцијата на пожарникарите од против пожарната единица во Кавадарци. Тие пожарите ги ставија под контрола за четириесеттина минути а потоа околу 16 часот ги изгаснаа.

– Гасневме со две возила и пет пожарникари. Изгорена е сува трева, не се зафатени лозјата на граѓаните иако постоеше сериозна опасност. Очигледно е дека станува збор за подметнати пожари и тоа во исто време на три места, рече командирот на ППЕ во Кавадарци, Илчо Богески.

Дополнително ќе се утврдува кој и зошто ги подметна пожарите/А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.