Извозот на грозје и воведе втора смена на Царинската управа во Кавадарци

Објавено: 21 август, 2013, во 23:00 часот

Во две смени поради извозот на грозје работи од вечерва Царинската експозитура во Кавадарци. Оваа информација ја соопшти лидерот на лозарите Љупчо Аризанов.

– Царинското работење оди во прилог на лозарите и поради извозот на грозје од земјава се одлучи на ваков чекор, што е за поздравување. Нема да се чека наредниот ден и извозот ќе тече без проблеми. Има огромен интерес од странските земји за извоз на нашето грозје бидејќи во некои од тие земји мразот го обра грозјето, а во други сушата зема данок од лозовите насади – рече Аризанов.

Според Аризанов, само преку царинската експозитура во Kавадарци досега се извезени околу два милиона килограми десертно грозје, како и приближно 300 тони винско грозје.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.