Кавадарци во потрага по винскиот крал и кралица

Објавено: 21 август, 2013, во 10:21 часот

Младите момчиња и девојки од Кавадарци ја имаат ексклузивната можност да бидат избрани за вински крал и кралица на Тиквешкиот Гроздобер. Манифестацијата има стопански, туристички и културен момент, а  ќе се одржува во средината на септември. Во тек е пријавувањето на младите кои сакаат да дадат белег на гроздоберот.

На конкурсот можат да се пријават  кандидати  од женски и машки пол со навршени најмалку 16 години.

Откако ќе се изврши изборот, винскиот крал и кралица се главниот белег на манифестацијата посебно на Винскиот карневал кој има и меѓународен карактер.Годинава организаторот на Тиквешки Гроздобер, општина Кавадарци најавува атрактивни музички имиња кои ќе ги забавуваат гостите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.