Тиквеш ги објави цените за откуп на винското грозје
Повисоки за 20 отсто се во просек откупните цени за висококвалитетно винско грозје што попладнево ги објави Винарската визба Тиквеш од Кавадарци, пренесе регионалната КТВ телевизија.
За килограм шардоне со 20 шеќерни единици ќе се плаќа 14.40 деанари, а за 24 брикса -17,6 денари. Дополнителни 2 денари за килограм за оваа сорта ќе добијат партнерите на визбата кои ќе добиеле покана да берат во гајби.
За 19 шеќерни единици за Мерло ќе се плаќа 12,6 денари. Семијонот за 21 брикс ќе се плаќа по 12, а за 23 брикса- 13,8 денари. Совињон бланк со 21 брикс ќе се плаќа 15 денари, а за 23 – 16,5 денари.
Бургундецот ќе се плаќа по 11 денари за 22-23 брикса. За 24 брикса цената ќе биде 13 денари. Беланот ќе се откупува по 13 денари за 22 брикса и 1430 за 24 шеќерни единици.
Како што пренесе КТВ, `Ркацетели ќе се откупува за 12 денари за 21 шеќерна единица, а 13,8 денари за 23 шеќерни единици. Станушината ќе се откушува за 11 денари за 20-21 брикс,а 12,10 за 22 брикса шеќерност.
Килограм ризлинг со 21 брикс ќе се откупува по 12, а с 23 брикса за 13,8 денари. Дванаесет денари за 20 шеќерни единици ќе се плаќа за жилавката, а 13,8 за 21 отсто на шеќер. Седумнаесет денари ќе се плаќаат за 21 брикс за шеќерност на траминецот, а 19 за 23 брикса. Темјаниката ќе се откупува по 19 денари за 23 брикса. Кабарне совињон по 12,6 денари за 19 брикса, 14 деанари за 23-24 брикса и за повеќе од 25 брикса 15,4 денари за килограм.
Во наредните денови ќе биде објавена цената и за најзастапените сорти на грозје, смедеревка и вранец кратошија. Како што информираа од Тиквеш, бербата и откупот започнува веќе во понеделник.