Саниран е оштетениот дел од каналот на водостопанство „Тиквеш“
Објавено на 10 август, 2013 во 12:47
Водостопанското претпријатие „Тиквеш“ ги изврши неопходните поправки на каналот за наводнување ГК- 1. Земјоделците од селата Возарци и Дреново добија вода за наводнување откако од каналот биле извадени разни предмети со кој бил затнат. Од претпријатието „Тиквеш“ рекоа дека се извршени неопходните поправки и е пуштена вода.
– Направена е голема штета. Освен на системот и на околните ниви кои вчера беа поплавени. Водата се прелила и беа скинати 25 метри од каналот, рекоа од „Тиквеш“.
Ваква хаварија на претпријатието му се случива првпат. Сите претходни биле од помал обем. Оттаму најавија дека ќе преземат поголеми мерки за заштита на каналската мрежа и секое оштетување ќе се казнува./А.Д