Оштетен каналот за наводнување, се прелева вода кај Возарци и Дреново
Се прелива водата бидејќи оштетен е каналот за наводнување ГК-1 на Водостопанство „Тиквеш“ од Кавадарци. Оштетувањето е во близина на селата Возарци и Дреново. Непознати сторители таму оштетиле 25 метри од мрежата на каналот. Според директорот на водостопанското претпријатие голема е материјалната штета.
– Стручни екипи и екипи на полицијата излегоа на лице место. Работиме на санирање на оштетувањето. Најдоцна до утре се очекува водокорисниците од тој регион да добијат вода за наводнување, рече директорот Љубе Димов.
Тој појасни дека и порано имало помали оштетување на мрежата на каналот додека сегашното било далеку поголемо. Затоа ќе бидат преземени мерки за поголема заштита на каналската мрежа. Во иднина ќе се превземат ригорозни мерки за оние што насилно ќе се обидат да предизвикаат било какви оштетувања на каналот./А.Д