Кавадарчани по три дена добија вода за пиење
Над илјада жители од горниот дел на Кавадарци, селата Возарци, Шивец и Трстеник, комбинатот за никел Фени индустри и винаријата Тиквеш повторно изминативе три дена имаа проблем со водата за пиење откако настана дефект на водоводната мрежа
Од РЕ Водовод и канализација при ЈП Комуналец рекоа дека се јавил дефект во близина на местото каде што пред неколку дена се јави истиот проблем па дел од жителите на Кавадарци три дена немаа вода за пиење.
Раководителот Марјан Прескакулев информираше дека проблемот доцна попладне бил надминат со бај пас откако нивни екипи ефективно работеле на санирање на дефектот .
-„Истовремено екипи на нашата РЕ ќе бидат ангажирани во копање на нова водоводна линија во должина од 350 метри која би требало да биде готова за пет до шест дена,информираше Прескакулев.
Ваква ситуација кавадарчани имаа и минатата недела кога поради дефект немаше вода за пиење но по премостувањето на водоводната линија од страна на екипи на ЈП Комуналец жителите на горниот дел од градот и селата повторно добија вода за пиење.
Тогаш во изјава за Дума.мк од Комуанлец рекоа дека причина за проблемот,била депонијата со смет направена од страна на некои несовесни граѓани веднаш над главната цевка со што ја отежнале нивната работа. Сепак иако времено проблемот беше решен , раководителот на Водовод и Канализација Прескакулев посочи дека многу брзо треба да се изврши дислокација на оваа водоводна линија која треба да ја заобиколи депонијата./ Б.Н.Т