Ново граѓанско движење: Алијанса за позитивна Македонија!

Објавено на 26 јуни, 2013 во 14:50

Се случи долго најавуваната промоција. Денеска  Владо Бучковски,  Минчо Јорданов и Љупчо Зиков го промовираа новото граѓанско движење, Алијанса за позитивна Македонија.

„Сакаме да создадеме силен опозициски блок и да воведеме нова политичка култура. Потребна е нова политичка конкуренција која ќе внесе  достоинство во општествениот живот, и ќе ја разбие црно – белата слика на политичката сцена“ , рече Бучковски.

Како што се најави, Алијансата за позитивна Македонија ќе понудела   шанса за помирување меѓу партиите, економски развој , нови 100.000 работни места, отворање фабрики, спречување на иселувањето на младите од Македонија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.