Бардовци се огради „живиот мртовец“ друг требало да го пријави за мртов!

Објавено: 13 јуни, 2013, во 14:48 часот

Од Психијатриската болница во Скопје потврдија дека велешанецот Борислав А починал во нивната институција лани, на 17 декември. Директорот Идриз Неџипи соопшти дека тие ги известиле неговите роднини, двајца браќа, кои не изразиле желба да го извршат погребувањето на мртовецот како и поранешната сопруга Светлана.

Од болницата телото на починатиот било однесено во капелата на градските гробишта Бутел во Скопје.

„Нашата обврска престанува со предавањето на мртовецот во капелата. Ние тоа го сторивме и ги информиравме најблиските на починатиот пациент. Што потоа се случувало навистина незнам,“ рече Неџипи.

Приказната за велешанецот кој се водеше како жив, а е мртов ја објави Дума.мк после реакцијата на сопругата која се шокирала кога во обид да го префрли имотот на нејзино име во СВР Велес и рекле дека мажот и е жив.

И додека институциите си ја префрлаат одговорноста за тоа кој требало да ја пријави смртта на Борислав, неговата сопруга сега се чуди како да ги среди имотно правните проблеми кои и ги создадоа.

Инаку тој во јавноста ќе остане запаметен како човекот кој си јза запали куќата со жената во неа, а за тоа наместо казна затвор доби лечење во психијатрска болница./Б.Н.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.