(OБНОВЕНО)Утрово во Велес авионско третирање против комарци!
Објавено: 13 јуни, 2013, во 13:07 часот
Особено е важно граѓаните да ги затворат пчелните сандаци и да ги заштитат пчелите.
Аеросолната дезинсекција ќе се реализира рано наутро, по вторпат на територијата на целата општина. Освен градот ќе бидат опфатени населбата Превалец, Башино село како и населените места по течението на реката Вардар.
Авионското третирање против комарци ќе го опфати и езерото Младост со селото Отовица.
Ова е второ прскање кое годинава го спроведува општина Велес. Според општинската програма за здравствена заштита предвидено е уште едно третирање со кое се спречува наезда од комарци, во текот на летниот период./Б.Н


