Велес поволно место за инвестирање!
Објавено: 12 јуни, 2013, во 16:14 часот
Општината ги спроведе неопходните реформи и значително го подобри работењето на администрацијата со тоа заслужено го доби сертификатот за поволен деловен амбиент во југоисточна Европа.
Документот на општината и е доделен на регионалниот конгрес што се одржа во Загреб. Освен Велес со сертификат се стекна и општина Струмица. Овие две општини се единствени од Македонија додека останатите шест се од Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина.
Според германскиот амбасадор во Хрватска, Ханс Петер Анен, проектот за сетифицирање е особено значаен за привлекување на инвестиции.
Во името на двете македонски општини сертификатот на регионалниот конгрес „Поволен деловен конгрес во југоисточна Европа“ го примил извршниот директор на Сојузот на стопанската комора на Македонија, Митко Алексов./Б.Н



