Заев: „Целта ми е да бидам идниот премиер на Македонија“!
Објавено на 7 јуни, 2013 во 12:18
„Целта ми е да го поразам ВМРО-ДПМНЕ и да бидам идниот премиер на Македонија“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, при посетата на Охрид и средбата со локалното раководство на партијата, јави А1он.мк
Заев од Охрид обвини дека членови на СДСМ, вработени во општинската јавна администрација, биле шиканирани, им се правел голем притисок, им се правеле непринципиелни влијанија и предлози, кои што ќе создале, според Заев, трајно штетни последици, за добриот градски живот во Охрид.
Лидерот на СДСМ најави промени и во најголкем дел од општинските организации на партија, како и структурни промени во самата партија.