ГРОМ на Јакимовски најави освојување на власта!
Објавено на 29 мај, 2013 во 22:10
Партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски вечерва ја имаше својата промоција. Тој како лидер е голем оптимист дека и неговата партија до година ќе партиципира во македонскиот парламент и дека за брзо време ќе стане власт.Најави дека целата енергија ќе била насочена кон градење социјално општество, правна држава, задржување на младите во земјава, нови работни места.
„Сега е време за иницијатива, акција, визија и идеја која отустува на политичкиот терен. Од денеска за 9 месеци почнува кампањата за претседателски и најверојатно, и за предвремени парламентарни избори“ рече Јакимовски. Најави дека за сто дена ќе собереле потписи и ќе направеле основачко собрание по што ќе започнеле со политичко дејствување.