Петмина матуранти истепале полицајци!

Објавено на 29 мај, 2013 во 11:41

Пет матуранти и нивни пријатели во Велес заработија кривични пријави за напад над полицајци и за насилство по синоќешната забава во кафеана во близина на трговскиот центар во новиот дел на градот.

Осомничени се A.K (19), С.Л (23) Н.Л(19), Ж.З (19) и С.М (18) затоа што го нападнале полицаецот кој 40 минути по полноќ дошол во кафеаната да интервенира поради гласно пуштената музика, на што се пожалиле станарите од околните згради.

Полицаецот побарал помош од колегите во полициската станица.

Група за интервенција составена од тројца полицајци се упатила кон кафеаната а кога стигнале и тие се соочиле со тупаниците на гостите и се здобиле со полесни повреди.

Откако бил обезбеден јавен ред и мир дел од гостите на матурската забава биле приведени во полициската станица.

Утринава петмината приведени се осомничени и против нив се поднесени кривични пријави./Б.Н

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.