Грчки медиуми: Грција ке прифати име со јасна географска одредница!
На вчерашната средба меѓу министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос и заменик претседателот на македонската влада задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, Атина испратила јасна порака до Скопје, пишуваат денеска грчките медиуми.
Тие ја пренесоа изјавата на министерот Аврамопулос дека Грција ќе прифати име со јасна географска одредница.
– „Аврамопулос испрати моќна порака до Македонија по неговиот состанок со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, истакнувајќи дека добрососедските односи и решавањето на спорот за името се услови за евро-атлантскиот курс на Македонија,“ коментира државната телевизија ЕРТ.
Пренесена е и констатација на Аврамопулос дека „фактот што постојат проблеми не значи дека не разговараме за работите.“/Б.Н.Т