Доминанатните бои за оваа пролет!
Објавено: 5 април, 2013, во 07:30 часот
Оваа сезона ноктите ќе ги лакираме во две нијанси, креоните во три бои а портокаловата боја ќе доминира.
Розева боја за очите и образите
Розевата боја му дава на лицето сјај кој е чист и модерен,велат познатите светски шминкери.Меѓутоа мала е границата помеѓу здравиот сјај и оној неугледниот.За да избегнете да ја преминете таа граница прво дефинирајте ги очите со црн креон,потоа на очните капаци ставете мрсна сенка и потоа ставете маскара.На образите ставете розево руменило и цел изглед заокружете го со неутрална боја на усните.
Портокалово на сите страни
Бидете смели и ставете бледо портокалова боја на усните,образите па дури и ан очите.Шминкерите советуваат да ја задржите мат формулата бидејќи оваа боја сама по себе е доволна да би експериментирале и со нејзините сјајни нијанси.
Креон во три бои
Што е поубаво од изразени очи?До средината на долниот капак ставете златен креон а од средината до надворешниот агол виолетов.На горниот капак ставете црн туш а над него тиркизен креон и на крај ставете маскара.
Нокти во две розеви нијанси
Конечно дочекавме и розева верзија на францускиот маникир.Обичниот розев лак сега зачинете го со нешто потемна боја на врвот,кога ќе се исуши лакот ставете уште еден слој.
Плави очи
Малку поинаку од тоа што сме навикнале,сега плавата бој комбинирајте ја со зелена.Измешајте плава со зелена сенка,нанесете ја на капците,со четкичка намачкајте ја до веѓите а краевите омекнете ги со чиста четкичка.Ако имате светол тен ставете малку бронзени бисери на образите.
Розеви усни со нијанса на грејпфрут
Свежа,чиста со совршена доза на сјај – оваа мешавина на розева и корална боја дефинитивно е најмодерна пролетна боја.Очите и образите нека бидат едноставни и избегнувајте било каков сјај,зашто розевите усни лесно би изгледале евтино ако им додадете и сјај.
Бронзен сјај
Бронзената боја дава природен изглед.Користете кафеав молив за очи,пред сенката а на образите ставете обичен бронзер.На усните ќе биде доволно и обичен сјај.
