Tракторист прегазен од трактор, се здобил со тешки повреди

Објавено: 10 јули, 2026, во 12:51 часот
Фото: Архива на Дума.мк

Седумдесет и пет годишниот Р.М од Кавадарци бил вчера вечер прегазен од трактор во дворот на сопствениот дом. Кавадарчанецот го стартувал тракторот и додека стоел до него се случило да биде прегазен, соопштија од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.

-На 09.07.2026 година,во 20:00 часот, во Одделение за внатрешни работи Кавадарци е пријавено дека во Општата болница Кавадарци за укажување лекарска помош бил донесен Р.М.(75) од Кавадарци, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди . Според пријавеното, во дворот од домот, тој стартувал трактор додека стоел до него, по што тракторот се придвижил и го прегазил. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, додадоа од СВР Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.